МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГИ ИСКОРИСТИ ЛУЃЕТО КАКО МЕНЕ И ТЕБЕ, МУ ВЕЛИ КАМЧЕВ НА БОКИ 13 ВО НОВА СНИМКА

    МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГИ ИСКОРИСТИ ЛУЃЕТО КАКО МЕНЕ И ТЕБЕ, МУ ВЕЛИ КАМЧЕВ НА БОКИ 13 ВО НОВА СНИМКАБоки 13 во нова снимка го фали Орце Камчев дека е премногу интелигентен. - Боки 13; Орце Камчев (Фото: Инстаграм/СДК.МК)

    Во нова снимка, објавена утринава од италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и сведокот Орце Камчев разговараат за случајот „Империја“, во кој Камчев е првоосомничен и беше во притвор. Притоа, Боки 13 го споредува Камчев со Сашо Мијалков, кој, исто така, е осомничен во „Империја“ и го фали Камчев дека е премногу интелигентен.

    Транскрипт од дел од разговорот:

    Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно.

    Орце Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.

    Боки 13: Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е пичкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се курчи и татко му направил пари, сега веќе не.

    Орце Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.

    Боки 13: Друга.

    Орце Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари