МАКЕДОНСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ИЗДВОИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО УКРАИНА, ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ МОЖАТ ДА ДОНИРААТ НА СМЕТКИ И НА ТЕЛЕФОНОТ 143 400

    МАКЕДОНСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ИЗДВОИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО УКРАИНА, ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ МОЖАТ ДА ДОНИРААТ НА СМЕТКИ И НА ТЕЛЕФОНОТ 143 400Станбена зграда во Киев погодена од ракета. (Фото: zn.ua)

    Македонскиот Црвен крст како солидарна помош за настраданото население на Украина издвои 10.000 евра кои ќе бидат префрлени на украинскиот Црвен крст, соопшти Црвен крст, додавајќи дека сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во Апелот со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст, со донација од 100 денари на телефонскиот број 143 400 и на девизната сметка на Црвен крст.

    „Црвениот крст на Република Северна Македонија се вклучи кон Апелот објавен од страна на Украински Црвен крст за помош на населението во Украина. Целта на овој Апел е да се обезбеди финансиска помош за населението во Украина“, се вели во соопштението.

    Средствата можат да се донираат од 25.02.2022 до 15.03.2022 година.

    Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за население во Украина.

    За донации на средства во странска валута:

    NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

    SWIFT CODE: KOBSMK2X

    IBAN CODE: MK07300701000001228

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира