МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ БЕЗ ВИЗА ЌЕ ПАТУВААТ ВО ДУБАИ

    МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ БЕЗ ВИЗА ЌЕ ПАТУВААТ ВО ДУБАИВладина делегација предводена од премиерот Мицкоски од 14 до 17 април беше во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. (Фото: Влада на РСМ)

    Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) ја укина визата за македонските граѓани која е потребна за патување во оваа земја. Како што соопштија од Владата, при посетата на премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација на Обединетите Арапски Емирати било побарано укинување на визите и тоа барање е прифатено.

    OAE на Арапскиот Полуостров, е федерација од седум емирати, главен град е Абу Даби, а најнаселен е емиратот Дубаи.

    „Наскоро, со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, соопштија од Владата.

    Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски од 14 до 17 април беше во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира