Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе има средба со претставници на дистрибутивните компании и маркетите, заради намалување на цените на прехранбените производи. Мицкоски кажа дека редно време е трговците да ги намалат цените, а ако не го сторат тоа Владата ќе преземе соодветни мерки и ќе ги објавува јавно маркетите.
„Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи. Ние, како Влада, имаме механизми да реагираме ако тоа не се случи. Оправдувања и изговори не прифаќам. Доколку не се види реакција од нив во следниве денови, ќе реагираме и тоа на долг рок. Ќе напрвавиме споредба какви се цените во маркетите во некои соседни земји и ако треба некои маркети со име ќе ги објавуваме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по работна средба со претставниците на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).
Мицкоски кажа дека денеска очекува Регулаторната кмисија за енергетика да ги намалат цените на бензините за 2 до 2,5 денари, а на дизелот за 7 денари.
А. АНТЕВСКА



