МАРШОТ „НАПРЕД РОЗОВО“ ПОВИКА НА ТИМСКА ПОДДРШКА ЗА БОЛНИТЕ ОД РАК НА ДОЈКА

    МАРШОТ „НАПРЕД РОЗОВО“ ПОВИКА НА ТИМСКА ПОДДРШКА ЗА БОЛНИТЕ ОД РАК НА ДОЈКААмериканскиот амбасадор Џес Бејли им се заблагодари на „Борка“ и претседателката Биба Додева што се борат за секој пациент и рече дека им е чест како амбасада на САД да се партнери на маршот „Напред розово“ (Фото: СДК.МК)

    „Напред розово“, прошетка низ Скопје што по деветти пат ја организира здружението за борба против ракот „Борка“, со поддршка од амбасадата на САД, се одржа денеска во центарот на Скопје. Со оваа прошетка, како што велат од „Борка“, сакаат да дадат поддршка на болните од рак на дојка и нивните семејства и да ги охрбрат дека не се сами и да им дадат помош на сите на кои им е потребна.

    Американскиот амбасадор Џес Бејли им се заблагодари на „Борка“ и претседателката Биба Додева што се борат за секој пациент и рече дека им е чест како амбасада на САД да се партнери на маршот.

    Во Македонија лани се откриени 1.200 нови случаи на заболени од рак на дојка, или просечно четири жени дневно; – од програтана на денешниот марш „Напред розово“ во Скопје (Фото: СДК.МК)

    „Овие прошетки почнаа во 1983 во Далас, каде 800 луѓе чекореа против ракот. Годинава над 2 милиони луѓе низ светот ќе чекорат против рак на дојка. Ова е 9 пат овде и чест ни е да чекориме со вас. Ваквите прошетки се значајни за превенција и третман на ракот и да ја поддржат целата заедница погодена од рак. Но, лани се дијагностицирани 1,7 милиони мажи и жени во светот. Сите се наши пријатели, колеги, роднини и секој има своја лична приказна. Годинава розовата прошетка е посебна, Биба ја загуби мајка си, која беше инспирација за движењето. Со Кејпи сум тука не затоа што сме спонзори туки и наши членови на семејството се погодени од оваа болест“, рече Бејли.

    Неговата сопруга Кејпи рече дека е среќна што е тука, но и малку и тажна како и сите присутни.

    „Мислам на мајка ми, на баба ми, на братучетка ми, на мајката на маж ми. Се потсетувам дека една од 8 жени во САД се разболуваат. И не заборавајте дека и мажите се разболуваат. Во Македонија стапката на смртност е поголема од просечната. Зошто зборувам за ова? Можеби нема доволно борки, нема доволно добар третман, може нема доволно нови истражувања. На болниот од рак на дојка му требате, им треба тим. Сакам да бидете од мојот тим и јас да бидам во вашиот тим сакам да бидете од нашиот тим“, рече Кејпи Бејли.

    Во Македонија лани се откриени 1.200 нови случаи на заболени од рак на дојка, или просечно четири жени дневно. Во последните 15 години, смртноста од канцерогени заболувања во Македонија пораснала за девет отсто, и Македонија е една од ретките земји во Европа, каде смртноста од рак расте. Според бројот на смртни случаи, Македонија е на трето место во Европа.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира