МАСКИРАНИ ЛУЃЕ УПАДНАА НА ИЗЛОЖБАТА НА СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ ВО СОЛУН, СЕ ЗАКАНУВАА И НАВРЕДУВАА

    МАСКИРАНИ ЛУЃЕ УПАДНАА НА ИЗЛОЖБАТА НА СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ ВО СОЛУН, СЕ ЗАКАНУВАА И НАВРЕДУВААИзложбата „Неизложени дела на хартија“ на Андреевски (десно) беше отворена во петокот во општинската галерија (Фото: МИА)

    Маскирани луѓе упаднале синоќа во галеријата во Солун каде што е поставена изложба на македонскиот уметник Сергеј Андреевски, при што се однесувале непристојно и вулгарно во обид да ја прекинат изложбата, по што си заминале. Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека немало физичко насилство, ниту била предизвикана материјална штета, но поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција.

    „За инцидентот се известени и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во контакт со надлежните органи на Грција, а информирано е и грчкото министерство за надворешни работи. Денеска во МНР е повикана грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што и формално ќе бидат изразени очекувањата од нашиот сосед да ги преземе сите мерки за откривање и процесирање на сторителите“, соопшти МНР.

    Самостојната изложба на Андреевски насловена „Неизложени дела на хартија“ беше отворена во петокот во општинската галерија и ќе трае до 29 април. Андреевски кажа дека оваа изложба е продолжување на ретроспективната изложба „Хартии“, што се одржа минатиот мај во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира