МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СКИ-ТЕРЕНИТЕ ВО МАВРОВО МЕЃУ ГОСТИВАРЦИ И КОСОВЦИ, ОСУММИНА ПРИВЕДЕНИ

    МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СКИ-ТЕРЕНИТЕ ВО МАВРОВО МЕЃУ ГОСТИВАРЦИ И КОСОВЦИ, ОСУММИНА ПРИВЕДЕНИДвете групи се степале поради претходно недоразборање, сите учесници се приведени во полиција (Фото:СДК.МК)

    На ски-терените во Маврово, во неделата околу 14 часот избила жестока тепачка која не била со голи раце, меѓу лица од Гостивар и неколкумина косовски државјани кои меѓусебно тешко се повредиле, јавија во САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот кои скијале на падините.

    По пријавата во полиција, околу 18.15 часот полицијата привела осум лица, четворица од Гостивар: Б.Д.(29),Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30), и четворица Косово: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19).

    Во тепачката кај бачилото на галичкиот ски-лифт биле користени и скии и стапови за скијање, а две лица, А.О. и С.Ѓ., се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за насилство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира