МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПРВО ЌЕ ГИ ПОКАНАТ ЛИЦАТА НАД 70 ГОДИНИ ЗА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ЌЕ ИМА И ОНЛАЈН ПРИЈАВУВАЊЕ

    МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПРВО ЌЕ ГИ ПОКАНАТ ЛИЦАТА НАД 70 ГОДИНИ ЗА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ЌЕ ИМА И ОНЛАЈН ПРИЈАВУВАЊЕГраѓаните кои ќе се пријават електронски, треба да очекуваат во зависнот од тоа која група се да бидат повикани од матичните лекари. (Фото: Ѓ. Личовски )

    Матичните лекари ќе закажуваат вакцинирање против ковид-19 преку Мој термин, а идната недела ќе биде објавена веб-страница на која граѓаните ќе може електронски да се пријавуваат со цел да им се олесни на матичните лекари, рече денес Жаклина Чагоровска од Нациналниот електронски систем Мој термин.

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Владата, заедно со д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, и Чагоровска го претставија Националниот систем за имунизација против ковид-19, со напомена дека првичните планови и распореди се прават за кинеските вакцини, со оглед дека тие треба да стигна први во најскоро време.

    – Во првата фаза ќе бидат вакцинирани здравствените работници кои работат со ковид пациенти и лица над 70 години

    – Во втората фаза здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети

    – Во третата фаза ќе се вакцинираат сите други што сакаат

    Откако системот на „Мој термин“ ќе одреди кои граѓани први ќе примат вакцина, потоа секој матичен лекар ќе добие листа на граѓани кои треба да ги извести дека системот ги избрал како приоритетни за вакцината, а потоа самиот граѓанин одлучува дали ќе прими вакцина. Доколку прифати, се закажува термин и локација за вакцината, а ако одбие, сите податоци се враќаат во системот.

    – Кога лицето за првпат ќе ја прими вакцината, веднаш ќе добие термин и за втората доза од вакцината, по 21 ден од приемот на првата доза.

    – По примањето на вакцината секој добива сертификат дека се вакцинирал.

    – Секој ќе може да се пријави електронски, по што ќе добие повратен одговор на оставената е-пошта дека пријавата е стигната. Таа пријава автоматски кај матичните лекари и ќе има евиденција дека се пријавил, за да нема двојно појавување на лицето во системот. Потоа треба да очекуваат, во зависнот од тоа која група се, да бидат повикани од матичните лекари.

    „Досега се евидентирани 170 илјади граѓани над 70 години. Апелот е всушнот, на оваа прва група граѓани над 70 години, пријавувањето вреку веб-страната и анкетирањето од страна на матичните лекари да го направиме тоа до крајот на овој месец. Да се завршат анкетите на овие граѓани со цел да може да се испланираат термините, односно да добиеме што поточна информација за да може да се планира и другиот дел од системот. Зборуваме за интегриран ситстем каде целосно ќе се следи евиденцијата на вакцинацијата, количните кои ќе се трошат, пријаувањето на пациентите“, кажа Чагоровска.

    Понатаму, таа појасни дека сѐшто ќе стигне како електронска пријава, нема да се појави како опција кај матичниот лекар, односно негова обврска да го контактира.

    „Но, прво ќе почнеме со матичните лекари бидејќи првата категорија е онаа група граѓани кои се повозрасни кои не можат лично, или може да искористат со помош на своите деца или роднини да ги пријават.  Но,  сепак останува тоа и целта е да се побараат лично, за да не ги испуштиме“, додаде Чагоровска.

    „Ова распоредување го правиме за кинеската вакцина. Секако дека како и за сите прегледи, и за вакцините ќе има можност да се откаже ако некој нема да сака да ја прими“, одговори Чагоровскa на новинарско прашање дали ќе може секој да бира која вакцина да ја прими.

    На прашање дали земјава ќе има посебни препораки за вакцината на „АстраЗенека“ со оглед на тоа дека Франција, Италија и Германија одлучија да не ја даваат на лица над 65 години, д-р Грозданова кажа дека сѐ уште се чекаат официјални насоки од Светската здравствена организација (СЗО) , но дека изгледа во Македонија нема да се дава на лица над 65 години.

    „Не станува збор за безбедноста, туку за тоа дека помалку дава ефект на заштита кај најстарата популација“, рече д-р Грозданова.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира