МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА КОИ РАБОТАТ СО КОВИД-ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

    МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА КОИ РАБОТАТ СО КОВИД-ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТПарите ќе бидат наменети за вработените во ковид-центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.(Фото: K. Попов)

    Владата, со ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура, ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од ковид-19 вирусот, соопшти Министерството за здравство. Парите ќе бидат наменети за вработените во ковид-центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.

    „Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи“, велат од Министерството.

    Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува, велат од МЗ,  да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира