МЕНДУХ ТАЧИ СЕ ПОЈАВИ НА РАСПИТ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕНДУХ ТАЧИ СЕ ПОЈАВИ НА РАСПИТ ВО СЈО

    Лидерот на ДПА Мендух Тачи се појави на распит во СЈО.

    Од СЈО категорично одбиваат да откриваат детали за предистражните постапки.

    Во ДПА викендов за САКАМДАКАЖАМ изјавија дека Тачи е повикан како сведок во предистражна постапка во врска со некаква истрага за дела што произлегоа од аудио снимките од  таканаречените бомби – прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата.

    Во бомбите за изборните измами, меѓу другото, имаше разговор во кој Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање бара од Тачи членот од ДПА во ДИК да гласа да се усвои приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица. По ова, Тачи му се јавува на Бедредин Ибраими, членот на ДПА во ДИК, и дава налог како да се гласа во Комисијата и да се даде поддршка за Струмица, во замена за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за Чаир.

    „Тука сум, ако треба нешто, кажи, за сé, до смрт“, се слуша како му вели Тачи на Мијалков, а потоа му дава налог на Бедредин Ибраими.

    Бедредин Ибраими е член на Државната изборна комисија и во сегашниот состав.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира