МЕРКЕЛ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА 8 СЕПТЕМВРИ, ПОТВРДИ ВЛАДАТА

    МЕРКЕЛ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА 8 СЕПТЕМВРИ, ПОТВРДИ ВЛАДАТАЗаев и Меркел за време на посетата на македонскиот премиер на Берлин на 21 феверуари. (Фото: Влада)

    Германската канцеларка Ангела Меркел в сабота (8 септември) доаѓа во Скопје, потврди нејзиниот портпарол Штефен Зајберт за грчката новинска агенција АНА –МПА. Пред малку за САКАМДАКАЖАМ.МК посетата ја потврди и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

    Како што јави дописничката на државната агенција МИА од Атина, Зајберт за АНА-МПА рекол дека Меркел сака на самото место да формира впечаток во пресрет на референдумот за името на 30 септември.

    „Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев“, кажал Зајберт, додавајќи дека Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари