МЕРКЕЛ ИЗГУБИЛА НАДЕЖ ДЕКА АТИНА И СКОПЈЕ ЌЕ НАЈДАТ РЕШЕНИЕ И ГИ ПОФАЛИ ЦИПРАС И ЗАЕВ ЗА ХРАБРОСТА

    МЕРКЕЛ ИЗГУБИЛА НАДЕЖ ДЕКА АТИНА И СКОПЈЕ ЌЕ НАЈДАТ РЕШЕНИЕ И ГИ ПОФАЛИ ЦИПРАС И ЗАЕВ ЗА ХРАБРОСТАСигурен сум дека Зоран и јас се наоѓаме на вистинската страна на историјата - Алексис Ципрас и Заев на Минхенската конференција за безбедбност - (фото: Катимерини)

    Германската канцеларка Ангела Меркел во саботатата рече дека изгубила надеж оти Атина и Скопје некогаш ќе најдат решение за деценискиот спор за името пред да им честита на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигната спогодба.

    „Би сакала да упатам искрени честитки до двајцата премиери, Зоран Заев на Северна Македонија и Алексис Ципрас на Грција за нивната храброст“, изјави Меркел во Минхен на Конференцијата за безбедност, додавајќи дека Договорот од Преспа може да служи како „извонреден пример за решавање на други слични застоени проблеми“.

    „Ако изнајдете потребна храброст, ќе најдете и решение“, кажа Меркел.

    Обраќајќи се на конференцијата, Ципрас рече дека „историјата ја пишуваат тие што се подготвени за промени и се наоѓаат на вистинската страна. Сигурен сум дека Зоран и јас се наоѓаме на вистинската страна на историјата“.

    На Заев и Ципрас им беше врачена наградата „Евалд Фон Клајст“ што Минхенската конференција ја доделува како признание за особен придонес за мирот и стабилност во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, а обајцата ја добија за нивните напори во решавањето на долгогодишниот спор за името.

    На Заев и Ципрас им беше врачена наградата „Евалд Фон Клајст“ што Минхенската конференција ја доделува како признание за особен придонес за мирот и стабилност во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, а обајцата ја добија за нивните напори во решавањето на долгогодишниот спор за името. Наградата им ја врачи германскиот министерт за надворешни работи Хајко Мас.

    Наградата на двајцата премиери им ја врачи министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, кој рече дека тие успеаја да го направат тоа што не им успеа на сите нивни претходници во изминатите 30-тина години и дека наградата „Евалд Фон Клајст“ не може да има подостојни добитници од Заев и Ципрас, кои докажаа дека се врвни европски лидери кои се обединија за да најдат решение и да им дадат на нивните земји големи перспективи.

    Претходни добитници на наградата која се доделува за придонес за мир и разрешување конфликти се Хенри Кисинџер, Хавиер Солана и Џон Меккејн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира