МЕРКЕЛ ПРИСТИГНА ВО ВЛАДАТА, ЌЕ СЕ СРЕТНЕ И СО МИЦКОСКИ

    МЕРКЕЛ ПРИСТИГНА ВО ВЛАДАТА, ЌЕ СЕ СРЕТНЕ И СО МИЦКОСКИВо тек е средбата Заев-Меркел, а за во 12.30 часот најавена заедничка прес-конференција. - Од пречекот пред Владата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Германската канцеларка Ангела Меркел, придружена од својата делегација, пристигна во Владата. Ја пречека премиерот Зоран Заев со четворицата вицепремиери.

    Во моментов тече средбата Заев-Меркел, а за во 12.30 часот најавена заедничка прес-конференција.

    Според најавата од ВМРО-ДПМНЕ, таа и лидерот Христијан Мицкоски, ќе имаат средба во 14 часот во Германската амбасада во Скопје.

    Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го нема во агендата на Меркел.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира