Осомничениот во „Империја“ Сашо Мијалков, единствен кој од притворените за овој случај сè уште е во затворот во Шутка, нема да оди во куќен притвор ни денеска.
И покрај тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева денес испрати позитивно мислење и Мијалков да добие поблага мерка, куќен притвор со полициски надзор, сепак судијата на претходна постапка не донел одлука. Причината е некомплетна документација.
„Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од Обвинителството означен како ’Империја‘, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека предлогот не е компелетен и е вратен на доуредување кај надлежниот обвинител. По добиен уреден предлог, Основниот суд Скопје 1 веднаш ќе донесе решение“, се вели во соопштението на судот.
С. К. ДЕЛЕВСКА