МИЈАЛКОВ НЕ Е ПУШТЕН ВО КУЌЕН ПРИТВОР ПОРАДИ НЕКОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    МИЈАЛКОВ НЕ Е ПУШТЕН ВО КУЌЕН ПРИТВОР ПОРАДИ НЕКОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈАЕксдиректорот на УБК Сашо Мијалков на вчерашното судење за „Тортура“, каде е еден од обвинетите во врска со апсењето на Љубе Бошкоски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Осомничениот во „Империја“ Сашо Мијалков, единствен кој од притворените за овој случај сè уште е во затворот во Шутка, нема да оди во куќен притвор ни денеска.

    И покрај тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева денес испрати позитивно мислење и Мијалков да добие поблага мерка, куќен притвор со полициски надзор, сепак судијата на претходна постапка не донел одлука. Причината е некомплетна документација.

    „Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од Обвинителството означен како ’Империја‘, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека предлогот не е компелетен и е вратен на доуредување кај надлежниот обвинител. По добиен уреден предлог, Основниот суд Скопје 1 веднаш ќе донесе решение“, се вели во соопштението на судот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира