МИЛЕ, СПИРО И ТРАЈКО СЕ ИЗМАНИПУЛИРАНИ ОД ГРУЕВСКИ, НЕ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ЗА СУДИ ЗА ВАКА ТЕШКО ДЕЛО, СВЕДОЧЕШЕ ЗАЕВ НА СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 27 АПРИЛ

    МИЛЕ, СПИРО И ТРАЈКО СЕ ИЗМАНИПУЛИРАНИ ОД ГРУЕВСКИ, НЕ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ЗА СУДИ ЗА ВАКА ТЕШКО ДЕЛО, СВЕДОЧЕШЕ ЗАЕВ НА СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 27 АПРИЛПоранешниот премиер Никола Груевски беше осомничен во истрагата, но против него не беше покренато обвинение, бидејќи е недостапен за судот и обвинителството. - Заев пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски не биле осмислувачи и организатори на нападот во Собранието на 27 април 2017, туку биле изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски и не треба да им се суди за така тешко дело, во денешното сведочење на судењето за организација на 27 април.

    Тројцата што ги спомена Заев во исказот, заедно со поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски се обвинети дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Поранешниот премиер Никола Груевски беше осомничен во истрагата, но против него не беше покренато обвинение, бидејќи е недостапен за судот и обвинителството, откако Унгарија му даде азил и го одби барањето за екстрадиција.

    „Сите верувам дека посакуваат да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело“, кажа Заев во сведочењето пренесено од државната агенција МИА.

    Заев, кој на денешното сведочење беше повикан како сведок на одбраната, кажа дека не се сеќава дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница, ниту пак се сеќава дека имало повик до некој пратеник да се откаже од правото на збор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира