МИЛИЈАРДА ЕВРА ТРЕБА ДА ПОЗАЈМИ НОВАТА ВЛАДА ЗА ДА ПРОРАБОТИ СТОПАНСТВОТО, ВЕЛАТ БИЗНИСМЕНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИЛИЈАРДА ЕВРА ТРЕБА ДА ПОЗАЈМИ НОВАТА ВЛАДА ЗА ДА ПРОРАБОТИ СТОПАНСТВОТО, ВЕЛАТ БИЗНИСМЕНИТЕ

    Бизнисмените го обвинија ДУИ дека влечењето и тактизирањето при преговорите за нова влада му нанесува огромна штета на стопанството на Македонија. На тркалезната маса по повод одбележувањето на 95.години Стопанска комора на Македонија тие укажаа дека техничката влада со премиерот Емил Димитриев не ги исполнува обврските кон бизнис-секторот.

    Горан Рафајловски од консултантската и ревизорска куќа „Рафајловски“ изјави дека приоритет на новата влада треба да биде враќање на долгот.

    „Новата влада сериозно треба да се потруди да ги врати долговите на државата кон јавните претпријатија и компаниите при што треба да позајми околу една милијарда евра за стопанството да профункционира“, рече Рафајловски. Тој ја обвини ДУИ дека „ја држи во заложништво цела македонска економија заради ситни политички поени„.

    „Ако нема економија, нема потреба ни од политика“, истакна Рафајловски.

    Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Црна Гора и Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска беа гости на прославата по повод 95 години од Стопанската комора на Македонија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Црна Гора и Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска беа гости на прославата по повод 95 години од Стопанската комора на Македонија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески потенцираше дека не може политиката да не влијае врз економијата, но бизнис-секторот низ годините успеал да се носи со политичката ситуација.

    „Последните две години не кревавме паника, бизнисот функционираше и компаниите работеа. Но, да не беше кризата ќе се постигнеа поголеми резултати“, истакна Азески.

    Стопанската комора на Македонија прослави 95 години од своето формирање под мотото “Големите глобализираат, малите соработуваат“.

    Комората на најуспешните компании им додели награди и специјални признанија, а се оддржа и конференција насловена  “Позицијата на малите земји во меѓународната економија-предности и недостатоци“ на која учествуваа домашни и странски претставници од бизнисот, науката и политиката.

    Поранешниот социјалдемократски премиер Владо Бучковски и неговиот тогашен министер за економија Стевчо Јакимовски (сега лидер на ГРОМ како дел од власта) срдечно се поздравуваат пред почетокот на конференцијата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Поранешниот социјалдемократски премиер Владо Бучковски и неговиот тогашен министер за економија Стевчо Јакимовски (сега лидер на ГРОМ како дел од власта) срдечно се поздравуваат пред почетокот на конференцијата. На прославата немаше никој од владините миниистри, ниту од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На  конференцијата присуствуваа поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ, поранешниот претседател и премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателот на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски-индустриски комори Џемаил Иниашвили и бизнисмени, политичари, професори од Македонија и од  балканските земји. На конференцијата како економски експерт учествуваше и синот на поранешниот претседател Киро Глигоров, Владимир.

    На прославата во скопскиот хотел Александар Палас се појавија и лидерот на СДСМ Зоран Заев, градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски, како и поранешниот премиер Владо Бучковски.

    На прославата немаше никој од владините миниистри, ниту од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари