МИЛОШОСКИ НЕ САКА ОБВИНИТЕЛИТЕ НА СЈО ДА РАБОТАТ ЗА РУСКОВСКА

    МИЛОШОСКИ НЕ САКА ОБВИНИТЕЛИТЕ НА СЈО ДА РАБОТАТ ЗА РУСКОВСКАНа денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски не го посочи како проблем предлогот актуелниот шеф на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска да остане до крајот на нејзиниот мандат, што беше проблем за неговата партија досега. - Антонијо Милошоски (Фото: СДК.МК)

    СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ објавија дека од понеделник ќе ги почнат разговорите по последната, четврта верзија на Законот за Јавно обвинителство која е пуштен во собраниска процедура. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји завчера кажа дека носењето на законот не е услов за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, но ќе биде добра порака за земјите членки.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција не го посочи како проблем предлогот актуелниот шеф на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска да остане до крајот на нејзиниот мандат, што беше проблем за партијата на Милошоски досега.

    На новинарско прашање, Милошоски одговори дека му паднало во очи што со преодните и завршните одредби, се сакало „кај Русковска, која е замена за Катица Јанева“, да се вдомат обвинителите од СЈО, кои, како што вели тој, трошеле милионски суми за додатоци на платите, надвор од тоа законски што им следувало.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто тие дополнителни примања за доверливост на обвинителите и администрацијата на СЈО не им пречеле во периодот 2016-2017 година додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, или буџетот на СЈО, кој беше ист како тој што тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески им го даде, сè до згаснување на ова обвинителство, Милошоски одговори:

    „Катица Јанева беше прилично нетранспарентна, не ги откриваше тие интерни договори“.

    Но, зошто ако не била транспарентна, не направивте финансиска истрага, зошто не влeгле во СЈО Државниот завод за ревизија, УЈП или Обвинителството, како што истражува сега Русковска, го прашавме Милошоски.

    „Со ‘Рекет’ сѐ се откри“, рече Милошоски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира