МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 12.000 ДЕНАРИ ОД УТРЕ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА, ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ

    МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 12.000 ДЕНАРИ ОД УТРЕ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА, ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИМинималната плата од 12.000 денари беше од главните ветувања во изборната кампања на сегашната власт. - Министерката за труд и социјална Мила Царовска (архивска фотографија)

    Владата вечерва го усвои предлогот за измени на Законот за минимална плата со кои таа ќе биде утврдена на 12.000 денари и веќе утре предлогот ќе влезе во процедура во Собрание, објави министерката за труд и социјала Мила Царовска на социјалните мрежи.

    „Честитки до работниците, вечерва Владата усвои предлог за измени на Законот за минимална плата – од утре процедура во Собрание. 12000 МКД“, напиша Царовска на Твитер и Фејсбук.

    Според најавата, на дневниот ред на денешната владина седница ќе се најдат и користењето и имплементација на фондовите од ЕУ и повеќе предлози за кадровски решенија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира