МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ДОНЕСЕ НОВ ПРАВИЛНИК СО КОЈ НА ДОСЕГА ДИСКРИМИНИРАНИТЕ ЗАТВОРЕНИЧКИ ИМ ГИ ДАДЕ ИСТИТЕ ПОВОЛНОСТИ  ШТО ГИ ИМААТ ОСУДЕНИЦИТЕ МАЖИ

    МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ДОНЕСЕ НОВ ПРАВИЛНИК СО КОЈ НА ДОСЕГА ДИСКРИМИНИРАНИТЕ ЗАТВОРЕНИЧКИ ИМ ГИ ДАДЕ ИСТИТЕ ПОВОЛНОСТИ  ШТО ГИ ИМААТ ОСУДЕНИЦИТЕ МАЖИИ Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по претставка на осуденичката Гордана Јанкулоска, утврди дискриминација на жените во однос на мажите осуденици во „Идризово“. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Конкретно, овие измени се за правата на осуденичките, односно за затворот „Идризово“,  бидејќи само таму има Женско одделение за цела Македонија. Во другите затвори, па дури и во Воспитно-поправниот дом Тетово, има само машки лица.

    „Со измените, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите. Предвидено е ако осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од период од три години, да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ ‘Идризово’ “, соопшти министерот Лога.

    Со измените на Правилникот, вели тој, повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во Женското одделение, наспроти осудените мажи.

    Претходно, и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по претставка на осуденичката Гордана Јанкулоска, утврди дискриминација на жените во однос на мажите осуденици во „Идризово“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира