МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ МУ ГИ ОДЗЕДЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ТАРАВАРИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТА

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ МУ ГИ ОДЗЕДЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ТАРАВАРИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТАНа Општина Гостивар ѝ се одземени ингеренциите на девет месеци. - Министерката за образование Рената Десковска (Фото: М. Златевска)

    Министерството за образование вчера ги одзело ингеренциите на градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари за именување и разрешување на директори во основните и средните училишта поради непочитување на законската процедура.

    „Државниот просветен инспекторат донесе решение градоначалникот на Гостивар да ги исправат процедурите при именување и разрешување на директорите на училиштата, бидејќи не се направени според процедурите. Тоа не е направено и одземени се ингеренциите за девет месеци за да се спроведе владеење на правото“, одговори министерката за образование Рената Треневска Десковска на пратеничкото прашање на Сурија Рашиди, зошто СДСМ игра по нотите на коалицискиот партнер ДУИ.

    Арбен Таравари е градоначалник од редовите на опозициската Алијансата за Албанците предводена од Зијадин Села.

    На седницата не присуствуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја бојкотираат работата на Собранието.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира