МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД РАСПИША ОГЛАС ЗА 30 ВОСПИТУВАЧИ ЗА КОЛЕГИЈАЛНА ПОДДРШКА КОИ ЌЕ РАБОТАТ ВО 7 ГРАДИНКИ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД РАСПИША ОГЛАС ЗА 30 ВОСПИТУВАЧИ ЗА КОЛЕГИЈАЛНА ПОДДРШКА КОИ ЌЕ РАБОТАТ ВО 7 ГРАДИНКИОвие воспитувачи и педагози потоа ќе им помогнат на останатите колеги за да создадат средина во која децата ќе се чувствуваат и физички и емотивно безбедно (Фото: Министерство за труд и социјална политика )

    Министерството за труд и социјална политика соопшти дека распиша оглас за 30 воспитувачи за подобрување на компетенциите и знаењата на кадарот во градинките. Тие ќе бидат ангажирани во 7 градинки, а на огласот кој е отворен до 14 декември ќе можат да се јават сите воспитувачки и педагози од градинките кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетот на раното учење и рзвој.

    Оваа мерка Министерството за труд и социјална политика ја реализира како дел од новата Програма за подобрување на квалитетот на раното учење и развој на установите за згрижување и воспитување на децата, во соработка со УНИЦЕФ и со поддршка од Британската амбасада.

    „Програмата за прв пат се спроведува во Македонија. Воспитувачите треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на другите колеги и соработници. Да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Со оваа програма, како што појаснуваат од Министерството, во градинките треба да се создаде средина во која децата освен физичка ќе имаат и емотивна безбедност, а таа треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца.

    „За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца. Освен што ги прошируваме капацитетите на градинките, посветено работиме и на јакнење на кадарот кој се грижи за децата“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари