МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА ЗА ТЕЛЕФОН ИНФОРМИРА ЗА КОРОНАВИРУСОТ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА ЗА ТЕЛЕФОН ИНФОРМИРА ЗА КОРОНАВИРУСОТМинистерот Филипче секојдневно апелира да не се шират лажни вести и паника, и граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните здравствени институции.

    МојВоздух/AirCare и Министерството за здравство изработија апликација за мобилните телефони која ќе ги информира корисниците за најновите информации од Министерството за заштита од коронавирусот.

    „Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот “Вести’“, објави министерот Венко Филипче на Фејсбук.

    Апликацијата е достапна на:
    Android:  https://getaircare.com/android
    iOS:  https://getaircare.com/ios

    Од коронавирус во земајва моментално се заболени осуммина лица и сите се во стабилна состојба на Инфективната клиника во Скопје. Првозаболената пациентка е целосно оздравена и се очекува да биде пуштена дома, кажа Филипче.

    Министерот секојдневно апелира да не се шират лажни вести и паника, и граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните здравствени институции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира