МИЦКОСКИ ГИ БАРА ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ПРЕГОВАРА ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

    МИЦКОСКИ ГИ БАРА ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ПРЕГОВАРА ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИХристијан Мицкоски и Зоран Заев ан една од нивните лидерски средби во Клубот на пратеници. (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ утринава соопшти дека ако премиерот Димитар Ковачевски не е спремен да ја прифати понудата на лидерот  Христијан Мицкоски за средба на која ќе договорат датум за предвремени избори, партијата е спремна да преговара со Зоран Заев и Радмила Шекеринска, поранешните претседател и потпретседател на СДСМ.

    „Ковачевски да размисли убаво до 10 мај и да се изјасни за понудата, а во меѓувреме нека ги консултира органите на партијата или барем неговите политички ментори во СДСМ. Ако Ковачевски не е спремен да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, спремни сме да разговараме со секој од СДСМ кој носи одлуки, било тоа да е Заев или Шекеринска“, велат  денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски вчера му предложи заедничка и јавна средба на Ковачевски на која ќе договорат датум за одржување на предвремени парламентарни избори. Мицкоски кажа дека Ковачевски не треба да брза, нека размисли и очекува одговор до 10 мај. Ако не добие одговор, Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава и потоа ќе следуваат, како што кажа, сериозни и досега непрактикувани чекори.

    Ковачевски му одговори веднаш на Мицкоски дека ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори, туку одговорно делување на сите политички партии и дека не прифаќа уцени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира