МИЦКОСКИ НАЈАВИ 600 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО МВР МЕСЕЦОВ

    МИЦКОСКИ НАЈАВИ 600 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО МВР МЕСЕЦОВПремиерот Мицкоски денеска беше на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, Општина Карбинци. (архивска фотографија)

    Премиерот Христијан Мицкоски најави нови 600 вработувања во Министерството за внатрешни работи. Тој кажа дека огласот ќе биде објавен веќе следната недела, а вработувањата се резултат на тоа што дел природно заминале во пензија, а дел поради потребите за да се зајакне кадровски.

    „Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамките на МВР.. Тоа го согледуваме сега, откако изминавме период од речиси шест месеци, каде што анализиравме, истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина изминатите години е правен, би рекол, епски криминал и за тоа практично да се санкционира, за да сето тоа излезе пред правдата, ова основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал. И во таа насока можам да објавам дека овој месец се планирани нови 600 вработувања во МВР. Така што, МВР очекува веќе следната недела да објави оглас за 600 нови вработувања во рамките на министерството“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, Општина Карбинци.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира