МИЦКОСКИ ПРЕДЛАГА АФРИМ ГАШИ ДА БИДЕ МАНДАТАР МЕСТО КОВАЧЕВСКИ

    МИЦКОСКИ ПРЕДЛАГА АФРИМ ГАШИ ДА БИДЕ МАНДАТАР МЕСТО КОВАЧЕВСКИМицкоски побара во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај-јуни да се одржат предвремени парлaмeнтарни избори. (архивска фотографија)

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика ДУИ да застанат со 61 потпис зад името на лидерот на Алтернатива Африм Гаши и тој да биде мандатар место новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

    „Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис, да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.

    На прес-конференцијата, Мицкоски рече дека очекува по новото вето за преговорите со ЕУ, ако Алтернатива држи до зборот, или Кастриот Реџепи, кој велеше дека срцето му било во Вашингтон и Брисел, да излезат јавно и да кажат дека не постојат причини да ја поддржуваат власта.

    Гаши ја одби понудата на Мицкоски.

    Тој побара во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај-јуни да се одржат предвремени парлaмeнтарни избори, за кои што рече дека се „единственото решение за излез од оваа политичка, економска, енергетска, дипломатска, сеопшта криза во државата“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира