МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПОДНЕЛ АМАНДМАНИ ЗА СЈО ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА, ОТТАМУ ВЕЛАТ НЕМА НИШТО СТИГНАТО

    МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПОДНЕЛ АМАНДМАНИ ЗА СЈО ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА, ОТТАМУ ВЕЛАТ НЕМА НИШТО СТИГНАТОИ Заев подолу во емисијата кажа дека на паузата за реклами ја прашал министерката за правда Рената Дескоска и оти таа му кажала дека нема амандмани од ВМРО-ДПМНЕ. - Специјалната обвинителка Катица Канева; Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    Во текот на денешниот ден до меѓународните претставници, но и до Министерството за правда е доставена предлог – верзијата на амандманите за Законот за јавно обвинителство, откако беа прифатени принципиелните забелешки, тврди во вечерашниот дуел со премиерот Зоран Заев на ТВ Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    „ВМРО-ДПМНЕ денеска ги достави амандманите на предложениот Закон за Јавно обвинителство до Министерството за правда, 65 на број“, кажа Мицкоски.

    Нема ништо стигнато од ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за правда, одговорија оттаму службени лица.

    И Заев подоцна во емисијата кажа дека на паузата за реклами ја прашал министерката за правда Рената Дескоска и оти таа му кажала дека нема амандмани од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Ние не ѝ ги даваме на министерката амандманите на рака. Тие се во архивата“, тврди Мицкоски.

    Ние сме СЈО да биде дел од Обвинителствотото за организиран криминал, повтори Мицкоски.

    „Имаме сиромашен буџет, ајде ова СЈО да го споиме со Обвинителство за организиран криминал и корупција и да се вика Оддел за висока корупција и организиран криминал“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Претходно денеска Дескоска побара од Мицкоски да не бара амнестија за криминалите од негови сопартијци, бивши високи функционери и да работи за европската иднина на Македонија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари