МНР ОД СТРАНЦИТЕ БАРА ЏИПОВИ И ЧАМЦИ ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МНР ОД СТРАНЦИТЕ БАРА ЏИПОВИ И ЧАМЦИ ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

    Министерството за надворешни работи од земјите кои имаат амбасади во Скопје побарало да обезбедат хуманитарна помош со прецизна спецификација за справување со последиците од невремето на 6 август, објави агенцијата Мета која го објави и писмото.

    Освен вообичаените производи и предмети како што се лопати, гумени чизми, храна и вода во листата од Министерството има други необични ставки. Министерството бара 24 теренски возила – „дефендер“ – со погон на четири тркала, пет моторни чамци со приколки и 29 гумени чамци, камиони кипери, алпинистички јажиња, продолжни кабли, 50 вреќи во кои ќе се извлекуваат повредени лица, вреќи за извлекување на лица со помош на хеликоптер итн.

    Агенцијата Мета дошла до писмото што до амбасадите во Скопје било испратено на 9 август во кое се вели дека „хуманитарната и финансиската помош во евра ќе овозможи справување со краткорочните, среднорочните и долгорочните последици од катастрофата“.

    Делегацијата на ЕУ во Скопје соопшти дека земјите членки на Европската Унијата досега испратиле два милиона евра првична помош која е наменета за Црвениот крст за итно справување со кризата. Меѓу првите помош во пакети испратија Холандија, Чешка, Бугарија, Грција, Австрија и Словенија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира