МОГЕРИНИ И ХАН ОЧЕКУВААТ МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ И ИМ ЧЕСТИТАА НА ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА ДОГОВОРОТ

    МОГЕРИНИ И ХАН ОЧЕКУВААТ МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ И ИМ ЧЕСТИТАА НА ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА ДОГОВОРОТОд сѐ срце им честитаме на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната определба и лидерство во постигнувањето на овој историски договор - Могерини и Хан

    Високата преставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го поздравија постогнувањето на договор помеѓу Македонија и Грција и изјавија дека очекуваат препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

    Во заедничката изјава објавена доцна попладнево, Могерини и Хан „од сѐ срце им честитаа на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната определба и лидерство во постигнувањето на овој историски договор“.

    „ Ова достигнување им припаѓа на лидерите на двете земји и нивните тимови, но првенствено им припаѓа на граѓаните на двете земји и на Европа како целина“ стои во заедничката изјава.

    Тие велат дека „перспективата на Европската унија за Западен Балкан останува најмоќната стабилизирачка сила за регионот“.

    „Сега очекуваме од Советот да ја потврди нашата препорака од 17 април за отпочнување на пристапни преговори со поранешната југословенска Република Македонија во јуни. Тоа не само што е заслужено, како признание за значајните реформски резултати на земјата, туку ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија како целина“, стои во заедничката изјава на Могерини и Хан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира