„МОЈ ТЕРМИН“ – ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „МОЈ ТЕРМИН“ – ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

    Денеска во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации повикаа на протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот.

    „Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и од незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки, како и долгорочен план за решавање на оваа еколошка и здравствена катастрофа. Сите досегашни мерки и стратегии понудени од институциите и од Град Скопје не дадоа резултат. Потфрлија и нивните ветувања дека ќе се дознаат загадувачите, ќе се најдат причините, ќе се преземат сите неопходни законски мерки и граѓаните на Скопје ќе бидат поштедени од понатамошно труење“, се вели во повикот за протест под мотото „Мој термин за чист водух.

    Протестот го организираат еколошките граѓански иницијативи „Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Ајде Македонија“, „Сакаме Аеродром да дише“, „Но пасаран“ и „Во одбрана на Дебар Маало“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари