Обвинителот кој ја води истрагата за претепувањето до смрт на Никола Саздовски (21) од скопската населба Кисела Вода, денеска дал наредба за обдукција на починатото момче.
Додека не се добијат резултатите од обдукцијата, нема преквалификување на првичното кривично дело Насилство за кое се притворени двајца од насилниците: Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), во чиј став 6 е нормирана и настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното насилство.
- ДВАЈЦА ОД ТРОЈЦАТА НАПАЃАЧИ НА ПОЧИНАТОТО МОМЧЕ СЕ ВО ПРИТВОР, СЛУЧАЈОТ Е ЕКСПРЕСНО РАСЧИСТЕН, ВЕЛАТ ОД МВР
- ПОЧИНА МОМЧЕТО КОЕ БЕШЕ ПРЕТЕПАНО ВО АВТОКОМАНДА
- МОМЧЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПРЕТЕПАНО НА УЛИЦА ВО СКОПСКА АВТОКОМАНДА, ПОТВРДИ МВР
„Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело“, ни одговорија од Јавното обвинителство.
На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда пријавените физички го нападнале Никола, по што тој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје. Саздовски починал утринава.
С. К. ДЕЛЕВСКА