МОЖНИ СЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ПОМАЛИ ПОТРЕСИ, ЗЕМЈОТРЕСОТ НЕ Е ПОВРЗАН СО ПОПЛАВИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОЖНИ СЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ПОМАЛИ ПОТРЕСИ, ЗЕМЈОТРЕСОТ НЕ Е ПОВРЗАН СО ПОПЛАВИТЕ

    Можни се уште неколку помали земјотреси, кои вообичаено се јавуваат по земјотрес како што беше овој од утрово со магнитуда од 4,4 степени според Рихтер, известија од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Епицентарот на земјотресот бил во регионот Скопска Црна Гора на длабочина од 2-3 километри во атарот на селото Црешово, на 7 километри од центарот на Скопје.

    Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) вели дека ваков земјотрес не би требало да направи некоја штета доколку градбите се изведени според прописите, а не се очекува штета ниту од земјотресите кои евентуално би следеле.

    „Афтершокови се сосема очекувана појава по земјотрес со ваква јачина. Земјата е можно да продолжи да се тресе, но тоа се обично мали потреси. Во Италија по земјотресот во Аматриче на 24 август следуваа 2.500 помали афтершокови. Тука нема место за паника. Земјотресот силно се почувствувал и јас им советувам на оние кои се вознемириле да излезат надвор на половина час, да се смират. Нема опасност од паѓање на згради или нешто слично па можат да останат надвор безбедни. Ваков совет не даваме доколку земјотресот бил со разурнивачка моќ“, вели директорот Гаревски.

    И овој земјотрес Гаревски не го поврзува со поплавите. Вели дека поплавите од 6 август баш во таа област околу Скопска Црна Гора се само коинциденција со раздвижувањето на тектонските плочи, но не предизвикуваат земјотреси.

    „Иако можеби случувањата ме демантираат, во светот не постои ниту еден научен труд кој што ќе ги поврзе поплавите со земјотрес. Земјотресите се случуваат поради придвижување во длабоките слоеви на земјата до кои површинската вода и не допира“, вели директорот Гаревски.

    Тој заедно со делегација од Институтот и делегација од Германија на дваесетти овој месец ќе оди во Италија да помогне во проценка на штетите од земјотресот во Аматриче.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира