За Задушница поповите можат да ги пеат гробовите, а граѓаните задолжително да носат маска, велат од Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Од Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква, денеска преку соопштение апелираа до граѓаните гробовите да ги посетуваат само најблиските членови на семејството и да се почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции.
„Во пресрет на претстојните денови на Духовденската задушница, кога си спомнуваме за упокоените христијани, препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а воедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства“, се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА.
Членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека ако за претстојниот продолжен викенд поради празникот Духовден не се вратат рестриктивните мерки во делови од земјата, каде што има многу активни случаи, постои голема опасност коронавирусот да почне неконтролирано да се шири,
А. АНТЕВСКА