МУ ОСТАВИЛ НА ПОЛИЦАЕЦ НА БЛАЦЕ МИТО ОД 50 ЕВРА НА БИРО, ОВОЈ ГО УАПСИЛ

    МУ ОСТАВИЛ НА ПОЛИЦАЕЦ НА БЛАЦЕ МИТО ОД 50 ЕВРА НА БИРО, ОВОЈ ГО УАПСИЛВозачот се претставил дека е сопственик на превозната компанија, по што се обидел да го купи полицаецот (Фото:СДК.МК)

    Поткуп, апсење и носење директно пред обвинител, кој сега бара притвор за подмитувачот, се случило вчера на Граничниот премин Блаце, кога сопственик на превозна компанија му оставил на маса банкнота од 50 евра на полицаец.

    Откако претходно возач на автобус со косовски национални ознаки бил одбиен за влез во Македонија бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот, за да го пушти.

    Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот на неговото биро оставил банкнота од 50 евра за да им овозможи влез на возачот и автобусот во државава.

    Веднаш бил уапсен, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложил на судот да определи притворска мерка со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

    Се работи за 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик“, вели Обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира