МУЦУНСКИ ПОБАРА ПОМОШ ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ И ОД ГРЦИЈА, СЕ СЛУШНАЛ И СО КОЛЕГИТЕ ОД АВСТРИЈА, ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА И РОМАНИЈА

    МУЦУНСКИ ПОБАРА ПОМОШ ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ И ОД ГРЦИЈА, СЕ СЛУШНАЛ И СО КОЛЕГИТЕ ОД АВСТРИЈА, ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА И РОМАНИЈАПожарот во Битола се каси со пет ер трактори и тоа три македонски, два турски  и еден хрватски канадер.(Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски)

    Помош од Грција, Австија, Хрватска, Словенија и Романија за гаснење на пожарите побара министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

    Како што соопштија од Министерството, денеска Муцунски имал телефонски разговори за справување со пожарите со неговиот колега од Грција Јоргос Герапетритис, како и со министерот за европски и надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, министерката за надворешни работи на Романија, Луминита Одобеску, министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман.

    „Високо ја цениме подготвеноста на нашите пријатели од Австрија, Грција, Романија, Словенија и Хрватска за поддршка во справувањето со активните шумски пожари. Ваквиот чекор е израз на солидарност, која е неопходна за надминување на овој тип предизвици. Во оваа прилика упатувам голема благодарност за укажаната помош, што претставува дополнителен израз на нашето долгогодишно пријателство”, истакна Муцунски.

    Како што додаваат од Министерството, дел од поддршката се реализира во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, што пак претставува израз на европската солидарност.

    Од Центарот за управување со кризи информираа дека се активни 12 пожари од кои поголем е оној во Битола. Пожарот кој попладнево повторно се разгори и се прошири кон месноста Снегово се гаси со шест авиони, тоа се пет ер-трактории, од кои три македонски, два турски  и еден хрватски канадер. Пожарот е оддалечен од градските населби, но, како што јавува нашата дописничка, огнот зафати голема површина од ридовите со ниска вегетација и мешовита шума, претежно со багреми. Пожарот претпладнето беше ставен под контрола, но нешто по 14 часот, проби едно од жариштата и се создаде нов пламен крак кон запад. Моменталната ситуација многумина битоллчани ја споредуваат со големите пожари во 2007 година кога огнот изгоре голем дел од шумите на битолските ридови.

    Активни пожари има и во Неготино на планината Серта, во Ново село, во близина на село Негорци, во Радовиш на планината Плачковица, како и на врвот Лисец на планината Голешница.

    „Очекуваме да пристигнат и два хеликоптери од Словенија и еден од Црна Гора. Утре ќе имаме плус еден голем хеликоптер на МВР кој беше на сервисирање“, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира