МВР БАРА ПРИТВОР ИЛИ ОДЗЕМАЊЕ ПАСОШИ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО

    МВР БАРА ПРИТВОР ИЛИ ОДЗЕМАЊЕ ПАСОШИ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТОАктерот Владо Јовановски и управникот на МОБ Игор Дурловски (во средината, со очила) се едни од инцијаторите на „За заедничка Македонија“ кои насилно влегоа во Парламентот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за внатрешни работи побарало од Основното јавно обвинителство одредување притвор или одземање на патните исправи на четири лица, за кои од МВР велат дека се обезбедени докази дека биле организатори и водачи нападот во Собранието во четвртокот, потврдија извори од полицијата.

    Станува збор за водачите на „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски, за кои МВР бара од ОЈО под итно да бидат повикани на сослушување.

    Претходно денеска, делегацијата на ЕУ во Скопје, американската амбасада, мисијата на ОБСЕ и канцеларијата на НАТО во заедничка изјава најостро го осудија, како што наведуваат, „организираниот напад во Собранието“ и велат дека очекуваат кривичните дела да бидат бргу истражени, дека организаторите и извршителите на нападот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а судовите дека ќе дејствуваат самостојно.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира