МВР ЌЕ ВРАБОТИ 600 НОВИ ПОЛИЦАЈЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МВР ЌЕ ВРАБОТИ 600 НОВИ ПОЛИЦАЈЦИ

    МВР ќе вработува нови 600 полицајци, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Најмногу полицајци ќе бидат вработени во регионалниот центар во Скопје, во скопските општини и во Струмица и Охрид.

    Портаролот на МВР Дејана Недељковиќ, потврди дека ќе се распише оглас за прием на нови полицајци, но не сакаше да даде детали за нивната бројка и на кои места ќе бидат распоредени. Таа рече дека не може да каже ништо додека огласот не се појави во печетните медиуми. „За тоа е задолжена правната служба на МВР и затоа не можам да ви кажам ништо повеќе затоа што и јас не сум запозната“, изјави Недељковиќ.

    Неофицијално министерот за внатрешни работи, предложен од опозицијата, и неговите ингеренции во преодната Влада, е темата на која четирите партии не успеваат да најдат заедничко решение на преговорите во Пржино.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари