МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА НА ПРОСЛАВАТА НА ИЛИНДЕН ВО КРУШЕВО

    МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА НА ПРОСЛАВАТА НА ИЛИНДЕН ВО КРУШЕВОДвајцата пријавени, стоејќи во непосредна близина на ВИП ложата, скандирале навредливи пораки. - Владината делегација во ВИП ложата на Мечкин Камен (Фото: Влада)

    Прилепската полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за говор на омраза против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола, во врска со настаните во Крушево на 2 август, соопшти МВР.

    „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, казниво по член 319 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во врска со настаните во Крушево на 2 август во полициска станица се повикани повеќе лица и по документирањето на случаите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, се вели во соопштението.

    Двајцата пријавени, велат од МВР, организирано присуствувале на прославата како дел од група составена од навивачи и за време на положувањето на цвеќе од страна на присутните делегации, стоејќи во непосредна близина на ВИП ложата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира