МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ЕЛЕМ И ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА РЕК БИТОЛА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

    МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ЕЛЕМ И ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА РЕК БИТОЛА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАОсомничените се товарат дека дозволиле преку работата на РЕК да се пропуштаат штетни честички количински повеќе од 50 милиграми на метар кубен. - Оџаците на РЕК Битола (Фото: СДК.МК)

    МВР поднесе кривични пријави против ЕЛЕМ за загадување на животната средина и природа, како и против петмина поранешни директори и раководители во РЕК „Битола“, осомничени за соизвршителство во ова кривично дело.

    Според билтенот на МВР осомничени за соизвршителство во загадувањето на животната средина и природа се И.К. (63) од Гостивар, поранешен директор на подружница РЕК Битола, Ј.К. (67) од Битола, директор на подружница РЕК Битола, О.З. (54) од Битола, директор во РЕК Битола, З.М. (44) од Битола, раководител во Подружница РЕК Битола и против С.А. (63) од Битола, раководител во Подружница РЕК Битола.

    Имено, по претходна пријава до СВР Битола и Основното јавно обвинителство во Битола, направени се низа проверки при што е констатирано дека пријавените физички лица, со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, пропуштиле да ги реконструираат постоечките или да постават нови филтри за прашина. Така дозволиле преку работата на РЕК да се пропуштаат штетни честички количински повеќе од 50 милиграми на метар кубен.

    Исто така, пријавените физички лица дозволиле да се врши отпепелување на одлагалиштето, каде што често се создавале воздушни вртлози од пепел со земја. На тој начин предизвикале пораст на статистичкиот показател на загаденост на воздухот во град Битола, што претставува опасност по здравјето на луѓето.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира