МВР ПРЕЗЕДЕ ИНИЦИЈАТИВА ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЦАТА ЗА КОИ ПЕНДАРОВСКИ КАЖА ДЕКА ГО СЛЕДАТ, РЕЧЕ КИРАЦОВСКИ

    МВР ПРЕЗЕДЕ ИНИЦИЈАТИВА ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЦАТА ЗА КОИ ПЕНДАРОВСКИ КАЖА ДЕКА ГО СЛЕДАТ, РЕЧЕ КИРАЦОВСКИГенералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски денес во Битола го даде својот потпис за кандидатурата на Пендаровски. (Фото: СДК.МК)

    МВР презема активности за откривање на лицата за кои има индиции дека го следат Стево Пендаровски, рече претседателот на Изборниот Штаб на СДСМ, Александар Кирацивски.

    „Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции и алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата евидентно е дека истите постојат. МВР веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, рече Кирацовски.

    Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „1ТВ“ кажа дека го следат 24 часа на ден, веројатно и на членовите на неговото семејство. Тој рече дека станува збор за структури врзани со една голема опозициска партија.

    Тој денес во Битола го даде својот потпис за кандидатурата на Пендаровски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира