НА 075/402-856 ПРИЈАВЕТЕ РАБОТНИЦИ ШТО РАБОТАТ НА ГОРЕШТИНИТЕ, ДЕЖУРААТ 30 ТРУДОВИ ИНСПЕКТОРИ  

    НА 075/402-856 ПРИЈАВЕТЕ РАБОТНИЦИ ШТО РАБОТАТ НА ГОРЕШТИНИТЕ, ДЕЖУРААТ 30 ТРУДОВИ ИНСПЕКТОРИ  На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време заради избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот (Фото: СДК.МК)

    Државниот инспекторат за труд во текот на викендот работи со дежурни екипи од 30 инспектори, заради контрола на обврската за почитување на препораките за заштита на работниците за време на топлотниот бран во земјава. Прекршувања на препораките може да се пријават на 075/402-856, кај Слаѓана Андоновска, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

    На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време заради избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

    „Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, се препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период“, соопшти Министерството.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира