Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за предложениот Закон за Јавно обвинителство на 27 август, по одморите. Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство, е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка. На истата седница ќе се расправа и за предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена постапка.
Со предложениот Закон за Јавно обвинителство се основа Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, кое, меѓу другото, е надлежно да постапува за кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите за периодот од 2008 до 2015 година.
Со донесување на Закон за ЈО, СЈО и Обвинителството за организиран криминал и корупција се спојуваат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, кое ги презема започнатите постапки на СЈО во фазата во која се преземени.
- ПРЕДЛОЖЕНИОТ ЗАКОН ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО Е ДОБРА ОСНОВА, ОПОЗИЦИЈАТА ДА ЗНАЕ ДЕКА ВРЕМЕТО ЗА ПОЛИТИЧКИ ИГРИ ПОМИНА, КАЖА РИКЕР ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ
- ПОТРЕБНО Е ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ, МИЦКОСКИ ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО УСВОЈУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА СЈО, ВЕЛИ ХАН
Со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција ќе раководи јавниот обвинител на Обвинителството за организиран криминал и корупција до завршување на мандатот, во случајов Вилма Рускоска, а во новото обвинителство се префрлаат обвинителите, истражителите, архивата, материјалните средства и опремата на СЈО.