НА 27 АВГУСТ ЗАКАЖАНА СЕДНИЦАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

    НА 27 АВГУСТ ЗАКАЖАНА СЕДНИЦАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВОПредложениот Закон за Јавно обвинителство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка. - Претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за предложениот Закон за Јавно обвинителство на 27 август, по одморите. Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство, е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка. На истата седница ќе се расправа и за предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена постапка.

    Со предложениот Закон за Јавно обвинителство се основа Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, кое, меѓу другото, е надлежно да постапува за кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите за периодот од 2008 до 2015 година.

    Со донесување на Закон за ЈО, СЈО и Обвинителството за организиран криминал и корупција се спојуваат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, кое ги презема започнатите постапки на СЈО во фазата во која се преземени.

    Со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција ќе раководи јавниот обвинител на Обвинителството за организиран криминал и корупција до завршување на мандатот, во случајов Вилма Рускоска, а во новото обвинителство се префрлаат обвинителите, истражителите, архивата, материјалните средства и опремата на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира