НА БОГОРОДИЦА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО ТРИ СААТА

    НА БОГОРОДИЦА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО ТРИ СААТАКилометарска колона пред граничниот премин Богородица за влез во Грција (Фото: Фејсбук)

    Долги колони возила се создадени на граничниот премин Богородица, каде за влез во Грција се чека и до три часа, велат патници. АМСМ утрово соопшти дека времето на чекање е до еден час, но во меѓувреме се зголеми интензитеттот на сообраќајот. Зголемената фреквенција и застој на граничите премини со Грција се должи на продолжениот викенд и сезоната за одмори.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

    АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

    Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира