НА ДЕНОТ РЕЗЕРВИРАН ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА, ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ГИ ДОНЕСЕ ПЕТТЕ ЗАКОНИ ЗА ГРАДБАТА НА АВТОПАТИТЕ ОД „БЕХТЕЛ И ЕНКА“

    НА ДЕНОТ РЕЗЕРВИРАН ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА, ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ГИ ДОНЕСЕ ПЕТТЕ ЗАКОНИ ЗА ГРАДБАТА НА АВТОПАТИТЕ ОД „БЕХТЕЛ И ЕНКА“Владата тврди дека со навремено изгласување на овие 5 закони, ќе се спасат 1,3 милијарди евра олку што ќе чини изградбата на автопатите. (Фото: К. Попов)

    По мал прекин на целодневната седница број 116 резервирана само за пратенички прашања, парламентарното мнозинство по 14.30 часот на седницата 115 ги донесе петте закони за изградба на автопатиштата на двата Коридора 8 и и 10д. Опозицијата гласаше против.

    Петте закони беа усвоени со по 62 гласа „за“ и по 43 „против“. Единствено, за Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, против гласаа 44 пратеници.

    По брза постапка пратениците ги изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење; Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) .

    Потоа продолжи седницата за пратенички прашања, која вообичаено не се прекинува.

    Владата тврди дека со навремено изгласување на овие 5 закони, ќе се спасат 1,3 милијарди евра олку што ќе чини изградбата на автопатите што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

    На ред е потпишувањето на указите за овие пет закони од претседателот Стево Пендаровски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира