НА КАРАЏОВСКИ НЕ МУ ЧИНЕА НОВИНАРИТЕ, А СЕГА ПРИЗНА ДЕКА СОСТОЈБАТА ВО КРИВИЧНИОТ СУД Е „НЕСЕКОЈДНЕВНА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НА КАРАЏОВСКИ НЕ МУ ЧИНЕА НОВИНАРИТЕ, А СЕГА ПРИЗНА ДЕКА СОСТОЈБАТА ВО КРИВИЧНИОТ СУД Е „НЕСЕКОЈДНЕВНА“

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, кој беше „фрапиран од навредливото однесување на самонаречени новинари“ по објавувањето на годишниот распоред на судии во Основниот суд Скопје 1, кој потоа падна на Врховен суд, призна дека состојбата во најголемиот суд не е најдобра. По вчерашната седница по повод оставката на в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова, Караџовски побара разбирање од граѓаните за, како што вели, несекојдневната ситуација во судот.

    „Хаос не владее во Основниот суд Скопје 1. Хаос е претежок збор, но може да кажеме дека состојбата таму е несекојдневна уште од минатата година. Ние имаме и состаноци и средби со дел од судиите и со тогашниот претседател, потоа со в.д. претседателот и пошироко сме запознаени со некои состојби. Затоа повикуваме јавно од воздржување на какви било изјави, од меѓусебна конфронтација и од евентуално наметнување на ставови“, рече Караџовски за ситуацијата во Основниот суд Скопје 1.

    Пред само две недели, Караџовски категорично негираше дека Основниот суд Скопје 1 го тресат скандали, дел од судиите делегирани од експретседателот Владимир Панчевски ги блокираат на секаков начин предметите кои доаѓаат од Специјалното обвинителство, дека има нарушени меѓучовечки односи кај судиите, кај вработените, а условите за работа во Кривичниот суд се неподносливи.

    „Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и вокабулар од тие што се интервјуирани и од некои од новинарите или од самонаречени новинари. Подобни и неподобни судии нема, сите се судии. Никој не е привилегиран или хендикепиран доколку работи во друг оддел. Оценката е тука, во конкретниот случај на в.д. претседателот на судот“, изјави Караџовски, по седницата на Судскиот совет на 22 февруари.

    На први февруари годинава, кога го прашавме по кој закон в.д. претседателката Михајлова одзела предмети од дежурен судија во претходна постапка и ги дала на постапување на судијките Елена Јосифовиќ и на Александра Поп Стефанија, тој ги обвини СЈО и новинарите за „рекла-казала“ обвинувања кон Панчевски и Михајлова.
    Овие две судијки, за кои СЈО бараше изземање поради партиска поврзаност, ги одбија барањата за претрес кај осомничени функционери.

    На 28 ноември лани, кога во Судскиот совет беа сослушувани 13-темина судии од Основниот суд кои се побунија против работата на тогашниот претседател Панчевски, Караџовски ги демантираше и новинарите и побунетите судии дека има страшни проблеми во најголемиот суд во Македонија.

    „Благодарни сме што дојдоа, тие судии кои не дојдоа, биле спречени од објективни причини. Дискутиравме на повеќе теми, и за состојбите во известувањето и за состојбите во Основен суд Скопје 1. Имавме конструктивен дијалог со добра намера од двете страни. Дојдовме до заклучок дека проблемите не се толку големи како што се претставувани во јавноста“, рече тогаш претседателот на Судскиот совет.

    Во извештајот на Стејт департментот за човекови права и слободи за 2016 година, судството беше окарактеризирано со политичко мешање, неефикасност, наклонетост кон добростоечки личности, одолговлекување на процесите, нарушување на правото на јавно судење и со корупција, а посебно нотирани беа Основниот суд Скопје 1 и експретседателот Панчевски и во тој дел од извештајот се вели дека „политичките манипулации со назначувањата во судството станале уште побезобѕирни, посебно во случаите на Специјалното јавно обвинителство“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира