Граѓани денеска протестираа пред Владата против секојдневните случаи на брутално насилство врз девојки во државата. Побараа институциите да преземат мерки против насилниците, кои наместо во притвор се пуштаат на слобода со што жртвата на насилство повторно е небезбедна.
На протестот говореше мајката на претепаната 21-годишна девојка од Битола. Тепачот на девојката кога беше приведен избега од прозороц во полициската станица, а по неколку дена сам се пријави во полиција и сега е во притвор.
„За неколку дена насилникот ќе биде слободен и кој ќе го заштити тогаш моето дете? Осум дена притвор за една година тепање девојка. Имам слики од претепаното дете, кои кога ќе заврши истрагата ќе ги објавам. Нема да дозволам никогаш повеќе да биде претепана од тој насилник. Бараме сите деца да бидат заштитени, тоа е работа на полицијата“, рече Бети Ангеловска, мајката на претепаната девојка од Битола.
Протестот беше организиран од иницијативата „Ниту една повеќе”, која за 25 ноември најави нов протест во 17 часот.
А. АНТЕВСКА



