НА РАСПИТ И БИТОЛЧАНЕЦОТ ШТО ФРЛАШЕ „ВЛАДИМИРКИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НА РАСПИТ И БИТОЛЧАНЕЦОТ ШТО ФРЛАШЕ „ВЛАДИМИРКИ“

    Битолчанецот Иван Чулаковски, еден до герилците кои го посипаа градоначалникот Владимир Талески со парите „владимирки“, денес е повикан на информативен разговор во битолската полиција.

    Чулаковски учествуваше во герила акцијата со која на Талески пред еден месец му ја честитаа аболицијата од Иванов. Имено, герилците се појавија пред Талески и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на прес-конференцијата на патот Битола-Ресен и врз нив фрлија со лажни евра. На нив беше испечатен ликот на градоначалникот Талески и беше испишана сума од 360.000 евра.

    Додека траеше прес-конференцијата, позади функционерите герилците истанаа транспарент на кој пишуваше „Честито аболиција“.

    Герилците се појавија пред Талески и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на прес-конференцијата на патот Битола-Ресен и врз нив фрлија со лажни евра на кои беше испечатен ликот на градоначалникот и беше испишана сума од 360.000 евра

    Герилците се појавија пред Талески и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на прес-конференцијата на патот Битола-Ресен и врз нив фрлија со лажни евра на кои беше испечатен ликот на градоначалникот и беше испишана сума од 360.000 евра

    По ова, парите станаа хит во Битола. Некои битолчани се обидуваа на шега со нив да платат во кафулиња, бутици, на наплатни рампи, патарини. Беа лепени на кружните текови, главните остварувања на Талески во трите градоначалнички мандати.

    Чулаковски е само еден од учесниците во герила акциите од Битола кои деновиве се повикани на информативен разговор во битолската полиција.

    Денеска на распит е повикан и фармерот Душко Илиески, кој пред 5 години беше обвинет дека одгледувал марихуана, а на суд се докажа дека не е вистина. Тој тогаш беше водач на фармерите на протестите за „Сведмилк“. Денеска, тој по распитот видел и дека пајак му го собрал автомобилот кој го паркирал пред полицијата кога дошол на информативен разговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари