НА ВМРО-ДПМНЕ ИМ ПОНУДИВ ДА ВЛЕЗАТ ВО ВЛАДАТА ДО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, НО НИВ ГИ ИНТЕРЕСИРАШЕ САМО ПУСТА АМНЕСТИЈА, КАЖА ЗАЕВ ЗА ЛИДЕРСКИТЕ СРЕДБИ

    НА ВМРО-ДПМНЕ ИМ ПОНУДИВ ДА ВЛЕЗАТ ВО ВЛАДАТА ДО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, НО НИВ ГИ ИНТЕРЕСИРАШЕ САМО ПУСТА АМНЕСТИЈА, КАЖА ЗАЕВ ЗА ЛИДЕРСКИТЕ СРЕДБИПремиерот Зоран Заев на вчерашната прослава на Илинден во Пелинце (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека на последната од трите лидерски средби му понудил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да влезат во владата додека не станеме полноправна членка на НАТО, во денешното интервју за телевизијата „1тв“ во Охрид. Но, како што рече Заев, понудата била одбиена, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги интересирала само амнестија за нивните поранешни функционери.

    „Им реков, ако сме за ЕУ и НАТО, а опозицијата тврди дека е за ЕУ и НАТО, им дадов понуда, јас, кој имам мандат до декември 2020 да бидам премиер, понудив да го поделам мандатот со ВМРО-ДПМНЕ. Испратив покана: ’влезете во влада додека не станеме полноправна членка на НАТО‘, но и тоа го одбија. Се молчеше малку на ова прашање за после тоа да се каже ’ама ние не го баравме тоа од вас‘. Тука стана јасно дека само пуста амнестија ги интересира. Директно ви кажувам, се бараше членот 353 и членот 165а од законот да се променат. Се бараше да се намалат казните од 3 до 6 години на 3 месеци до 3 години, тоа автоматски значи застареност на предметите. Тоа значеше дека најмалку 11 предмети на СЈО целосно или делумно ќе се уништеа“, рече Заев.

    Премиерот вели дека на опозицијата ѝ понудил и предвремени парламентарни избори во термин по нивни избор, ако на референдумот обезбедат 300 илјади гласови „против“, само за да повикаат на излезност. Откако тоа било одбиено, тој ја понудил и својата оставка ако опозицијата на референдумот извади повеќе гласови „против“ отколку што ќе бидат „за“, но и тоа било одбиено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира