НАД 70 ПЕДИЈАТРИ ТРИ ДЕНА ВО СКОПЈЕ ЗБОРУВАА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ЗА НОВИНИТЕ ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕЦАТА

    НАД 70 ПЕДИЈАТРИ ТРИ ДЕНА ВО СКОПЈЕ ЗБОРУВАА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ЗА НОВИНИТЕ ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕЦАТАНа школата се зборуваше за превентивна педијатрија со имунизација, кардиологија, пулмологија со алергологија, неврологија, гастроентерохепатологија, хематоонкологија како и интензивна нега и реанимација. (Фото: СДК.МК)

    Над седумдесет лекари од Македонија, Австрија, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора и Турција, презентираа новини во превенцијата, дијагностиката и третманот кај децата во рамки Балканска школа за педијатри, која заврши вчера.

    Организатор на школата е Здружението на педијатри на Македонија, а оваа тридневна стручна работилница треба да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата.

    „Школата даде единствена можност лекарите и помошниот медицински персонал одблиску да се запознаат со меѓусебните практики, пречки, но и стимули во секојдневната работа. Имаше излагања и предавања од превентивна педијатрија со имунизација, кардиологија, пулмологија со алергологија, неврологија, гастроентерохепатологија, хематоонкологија како и интензивна нега и реанимација“, велат од Здружението на педијатри на Македонија.

    На првата Балканска школа присуствуваше и д-р Валтер Клепетко, професор на Медицинскиот универзитет во Виена, кој во светот е познат како хирургот кој му даде втор живот на легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда. Тој пред две години ја направи прават трансплантација на бели дробови на пациентка од Македонија, односно тогаш 19-годишната Ангела Блажевска, која на отворањето на школата и лично му се заблагодари на докторот за новиот живот што го живее.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира